18 Декември, 2025
0.0519

Професорот Димитрија Ангелков од Кавадарци со нов изум: Направи веб-алатка за откривање на радиоактивни честички во домот

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 15:08

Добивај вести на Viber

Димитија Ангелков, професор по компјутерска техника во електро-машинското средно училиште „Киро Спанџов–Брко“ од Кавадарци, објави нова иновација со потенцијал да придонесе кон јавната безбедност и здравје – веб-апликација за детекција на радиоактивни елементи во домашни услови или на работното место.

Своето решение го сподели преку Фејсбук, наведувајќи дека идејата произлегла од лична загриженост поради, како што вели, наглото зголемување на заболени од канцер во последниот период.

„Поради загриженост од наглото зголемување на заболени од канцер, изработив апликација преку која може да си проверите во вашиот дом, работно место, околина дали има радиоактивни елементи“, напиша професорот, додавајќи и линк до веб-апликацијата.

Алатката функционира едноставно – потребно е да се постави црн изолирбан (изолир-лента) врз камерата на мобилниот телефон или компјутер, со што се спречува светлина да влегува, а сепак се овозможува влез на радиоактивни честички, доколку ги има. Апликацијата ги регистрира и визуелно прикажува со црвена боја, а броењето на пикселите кои биле „бомбардирани“ од честичките се прикажува во реално време.

Мојата апликација ќе ги детектира и ќе ги видите со црвена боја. Бројачот ќе ви ги покаже колку пиксели од камерата се бомбардирани од радиоактивни честички. Решенија има, треба да се практикуваат“, додава Ангелков.

Ова не е првпат професорот Ангелков да понуди иновативни решенија. Во текот на пандемијата со КОВИД-19, тој изработи повеќе корисни пронајдоци, меѓу кои: механички респиратор, паметна интерактивна училишна табла, паметни канти за селекција на отпад, термометар со дигитален сензор, филтри за прочистувачи, визири и машина за кислород.

Неговиот труд беше и официјално препознаен – во 2020 година, Државниот завод за индустриска сопственост му ја додели наградата „Патент на годината“ за неговиот пронајдок – респираторна машина.

Ангелков останува посветен на создавање практични решенија со општествена корист, користејќи ја својата експертиза во технологијата и образованието.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје