Производите на Суташ во Македонија веќе во продавниците
Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2013 15:00
Фабриката на Суташ во Македонија почна со производство. Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите од оваа фабрика кои се веќе достапни во маркетите во Македонија, информираат од компанијата.
- Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да почне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денеска, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот, истакна генералниот менаџер на Балканска Млекара Али Мушфик Созер.
Планот на Суташ е да го примени интегрираниот бизнис модел „Од трева до трпеза“ во Македонија, особено во млечната индустрија, со инвестирање во едукативни центри, земјоделство, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони.
Врз основа на планираната инвестиција на Суташ во Балканска млекара Македонија, која е со капацитет од 70 милиони литри годишно, се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





