05 Декември, 2025
0.0471

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ЦРЕШИ: Не не тангира повторниот увоз на коскесто овошје во Русија

Објавено во: Агробизнис 27 Мај, 2019 07:10

Добивај вести на Viber

Од денес официјално се укинува забраната од Русија за увоз на македонското коскесто овошје. Македонската цреша, сливите, праските и сличното овошје повторно ќе може да се најде на пазарот во најголемата држава во светот. Но, македонските производители на цреши велат дека оваа мерка нив не ги засега.

„Ова укинување на забрана за увоз на нашата цреша во Русија не допира до производителите на цреши од струмичкиот регион, но и за производителите на цреши од цела држава. Производството на цреша во Македонија е многу мало и целото е сведено на индивидуални производители “, вели Кире Михаилов овоштар од струмичкиот регион.

Според него, црешите кои се произведуваат под македонското небо се од посебни производители, не од организирано поголемо производство.

„ Во струмичкиот регион црешата се одгледува индивидуално, односно од индивидуални производители. Во овој дел од земјата црешата зрее најпрво и таму започнува прв откупот на македонската цреша. На крај на сезоната на црешите се откупуваат охридските, кои стасуваат за берење неколку дена подоцна. Количината на производена македонската цреша  се нуди најчесто низ пазарите во земјава, а само мал дел од производтството на пазарот во соседните земји “, тврди производителот на цреши од струмичкиот регион.

Производителите велат дека побарувачката на цреши скоро секоја година е иста. Според нив, досега ниту една поголема фирма не покажала интерес за организиран откуп, најчесто тој се врши на улица од откупувачи, прекупци или трговци.


Н.М.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?