Производителите на млеко се обединуваат во кооперативата „Милкоп“
Објавено во: Агробизнис 22 Март, 2013
Повеќе од 15 фарми производители на млеко од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон првата кооператива за млеко „Милкооп“ со што станаа нејзини партнери и основачи.
Функционирањето на Милкооп е верифицирано и од Министерството за земјоделство, а ќе работи во согласност со законските прописи и националната стратегија за развој на производството на квалитетно домашно млеко.
- Се здруживме за да си помогнеме сами на себе, подобро да ги искористиме сопствените производствени потенцијали, да дојдеме до подобра квалитет на млекото како и до посигурен и гарантиран откуп по прифатливи цени. Очекуваме за кратко време кон нашата кооператива да се приклучат и нови фармери, Милкооп да окрупнува и да прерасне во сериозен откупувачки центар на млеко, кој ќе работи пред се во интересите на македонските фармери, изјави Мартин Трајчев, менаџер на Милкооп.
Од Милкооп најавуваат подобра организираност, развој и сигурност во работењето на фармерите, млекопроизводители, како и нивно окрупнување и подобра позиција во преговорите со млекопреработувачките центри.
- На фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото, но и помош околу обезбедувањето на субвенции од страна на државата. Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа на реални економски параметри, соопштуваат од Милкооп.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.