Добивај вести на Viber
Производителите на ориз незадоволни од откупната цена на оризот, повторно излегуваат на протести. Во 11 часот протестот ќе започне пред општината Облешево, а потоа ќе ја блокираат едната лента од патот Штип-Велес. Ова е втор протест, по како што велат неуспешната средба со министерот за земјоделство Михаил Цветков. Од здруженито на производители на ориз „Бело зрно”, велат дека се незадоволни од откупната цена на арпата и белиот ориз, и дека тоа што министерот Цветков им го ветил пред жетвата не се исполнило.
-Ние бараме откуната цена на арпата да биде 25 денари за килограм , а на белиот ориз 50 денари за килограм. Овие цени ги кажа и самиот министер за земјоделство Цветков лани пред почетокот на жетвата на оризот при посетата во кочанскиот регион, и дека има согласност од откупувачите. Сега на средбата со него, тој не даде конретен одговор. Ни кажа дека откупувачите се водат по берзански цени според кои, белиот ориз од труски семиња ќе се откупува по 35 денари за килограм, а оризот од сортата „санандреа” по 40 денари за килограм. Ние бараме да се испочитува ветувањето. А најголем дел или над 70 проценти од кочанските полиња се посеани со турски семиња, бидејќи ни ги дадоа како донација тукму нашата Владата, која донацијата ја добила од турската Влада, вели Зоран Борисов, од здружението „Бело зрно”.
Производителите на ориз велат дека со сегашните цени не ја покриваат производснат ацена на оризот, и предупредуваат дека во период кога треба да се подготвуваат за новата реколта бидејќи немаат пари за почетокот на сеидбата, голем дел од полињата во кочанско можно е да останат непосеани. Според нивните проценки околу 80 проценти од производството на ориз од 2015-та не е откупено.
-Производството на ориз нас не чини речиси 1.000 евра од хектар, а со овие цени не можеме основните трошоци да ги покриеме.Околу 80 проценти од ланското производство стои по амбарите, а еве доаѓа за седиба нова реколта, како со кои пари да ја почнеме сеидбата? Она што е чудно е што токму турската фабрика „Ливидиа Агро”, која поранешниот премиер Никола Груевски заедно со градоначалникот на Кочани ја отворија лани и преку која одеше донацијата на турските семиња и која требаше да превземе најголем дел од производството, сега прави манипулации. Не само што имаат откупено незначителни количини, туку и нивната откупна цена е дури и за 1-2 денари пониска од македонските откупувачи, вели Борисов.
Минатата недела производителите на ориз имаа средба со дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски, бидејќи како што изјавија биле разочарани од средбата со министерот Цветков. Николовски изјави дека проблемот со пласманот на земјоделските производи е проблем на државата и дека мора да се излезе во пресрет на земјоделците. Според него решението е во интервентен откуп од страна на владата.
-Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, на барање на министерот за земјоделство, владата може да изврши интервентен откуп на ориз и на тој начин да ви помогне со пласманот. Долгорочното решение на проблемот е во конкурентно производство, односно преку поевтини репроматеријали како т.н зелена нафта, семе, ѓубрива и препарати и навремена исплата на субвенциите, за да се намали производната цена на оризот и на тој начин да им одговара и на земјоделците и на откупувачите, изјави Николовски.
На претходниот протест оризопроизводителите од кочанско се поделија на демонстранти и контрадемонстранти. Инаку контрадемонстрантни протестираа бидејќи биле револтирани од реакцијата на Здружението „Бело зрно“. Тие тогаш изјавија дека има откуп на арпата и на белиот ориз, но сепак принзнаа дека и тие не се задоволни од откупната цена.
Инаку во кочанскиот регион нјамногу се произведува ориз. Од 1999 година, тој е првиот заштитен производ со ознака на потеклото во Република Македонија, а и единствената земјоделска култура што Македонија ја извезува. Лани беа засадени 4.800 хектари со ориз а се ожнеаја околу 30.000 тони оризова арпа.
T.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: