Производителите на полупроводници под репресии на американската влада
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2024
Вредностите на акциите од малите и средни компании продолжија да растат минатата недела, додека технолошките акции, а особено од полупроводниците, претрпеа остар пад откако американската администрација се закани со нови ограничувања за извозот на најнапредните полупроводници во Кина.
Откако беа главен двигател на растот на американската берза, технолошките компании забележаа остар пад на вредноста минатата недела. Главната причина е што администрацијата на Бајден се закани со нови санкции против кинеските компании со цел што е можно повеќе да го забави развојот на полупроводниците во Кина. Американската администрација врши притисок и врз јапонската и холандската влада, каде се базирани важните компании Tokyo Electron и ASML, со цел да ја ограничат соработката со Кина. Последиците беа брзо видливи на берзите – вредноста на берзанскиот индекс NASDAQ падна за 4,2% во евра по објавувањето на оваа вест, со значителен пад главно забележан кај производителите на полупроводници како Nvidia (-6,6%), AMD ( – 14,7%), Broadcom (-7,0%), а исто така и гореспоменатите Tokyo Electron (-13,0%) и ASML (-15,2%).
Сепак, настаните на американските берзи не беа толку мрачни. По долг период на потпросечен раст, акциите на малите и средни компании почнаа да добиваат на вредност, за што се погрижи и гувернерот на американската централна банка Jerome Powel, кој во понеделникот предупреди на двојниот мандат на централната банка (ФЕД), т.е. покрај регулирањето на инфлацијата, да се грижи и за економскиот раст. Инфлацијата во последно време се намалува, додека пазарот на труд продолжува да се лади, што значи дека ФЕД има значително подобра почетна точка за намалување на каматните стапки. Како резултат на тоа, инвеститорите очекуваат со прилично висок степен на сигурност намалување на каматната стапка во септември, што би имало натпросечно благотворно влијание особено кај помалите компании, кои се особено чувствителни на флуктуации на трошоците за задолжување. По неуспешниот обид за атентат врз претседателскиот кандидат Трамп, веројатноста за негова победа значително се зголеми, поради што се зголеми и вредноста на акциите. Од Трамп се очекува намалена регулатива во финансискиот сектор и поголема заштита на нивната индустрија. Во петокот, бевме сведоци на глобален прекин на компјутерските системи ширум светот, предизвикан од грешка во ажурирањето на софтверот на компанијата за сајбер безбедност CrowdStrike, кој ја клекна на колена светската економија, но настанот не влијаеше значително врз цените на глобалните акции. Макроекономските податоци во САД беа генерално позитивни бидејќи продажбата на мало, со исклучок на автомобилите, се зголеми за 0,8% во јуни, што е над очекувањата и најголема од јануари 2023 година, додека индустриското производство исто така позитивно изненади со јунскиот раст од 0,6%. Само американскиот пазар на труд покажа одредена слабост, каде што бројот на нови апликанти за бенефиции за невработеност се зголеми малку повеќе од очекуваното, но од друга страна, оладениот пазар на труд ја зголемува веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки.
Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави каматната стапка непроменета на 3,75%, но за во иднина, гувернерка Christine Lagarde не сакаше да дава прогноза, бидејќи мерките ќе зависат од тогашните макроекономски податоци. Сепак, Lagarde гледа многу ризици кои би можеле да имаат негативно влијание врз економскиот раст. Истовремено, таа изрази загриженост за губење на конкурентноста на европската економија, особено кон Кина. Според податоците на Евростат, индустриското производство во еврозоната во мај паднало за 0,6%, а во ЕУ за 0,8 %, што е прв пад од јануари годинава. На годишна основа, индустриското производство падна за 2,9% во еврозоната и 2,5% во ЕУ, главно поради значителниот пад во Германија (-6,6%), Италија (-3,3%) и Франција (- 3,2%).
Во Кина, релативно нискиот економски раст во вториот квартал ги разочара инвеститорите. Тие очекуваа раст од 5,1% на годишно ниво, но вистинскиот раст беше само 4,7%. Јунскиот раст од 2% на продажбата на мало на годишна основа исто така не беше охрабрувачки, бидејќи претходниот месец изнесуваше 3,7%. Помалиот раст главно се должи на слабата продажба на автомобили и апарати за домаќинство. На континуираните проблеми на кинескиот сектор за недвижности укажуваат и падот на инвестициите во недвижности од 10,1% на годишна основа и падот од 0,7% на цените на новите недвижности во јуни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.