29 Септември, 2024
0.0425

ПРОКЛЕТО ИМЕ: Кога терористите ќе ви го грабнат името на компанијата!?

Објавено во: Свет 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Isis Financial Services е мала компанија од Нов Зеланд. ISIS ("Исламска држава") е терористичка група, која зазеде големи делови од Сирија и Ирак. Го гледате проблемот кој влијае на Лиза Хотон, која ја основала компанијата за наплата на долгови. По неколку месеци прашувања и по неколку смртни закани, таа одлучи да го промени името на компанијата.

Сега таа носи името Bay Debt Services, пишува CNN.

isis " Се заколнав дека нема да го менувам, но добив неколку пораки", коментира Хотон. "Луѓето ми се закануваа, велејќи дека мојата глава ќе биде отсечена".

Хотон го создава Isis Financial Services во 2004 година, избирајќи го името во чест на Египет.

"Толку се интересирав за египетската историја, навики и обичаи", вели таа. "Божицата Изида (англиски Isis) е поврзвана со сето добро: љубов, брак и здравје. Не со тоа, со кое името и се слави денес. Ја оставив божицата Изида во логото на компанијата ".

lissa

Хотон наведува дека името Isis го чинело нејзиниот бизнис во последниве неколку месеци. Дури и некои лојални клиенти и предложиле да се обложи на нов бренд.

Тоа е проблем со кој се соочуваат стотици компании низ целиот свет. Isis, услуга, која претставува мобилен паричник, беше основана од AT & T, Verizon и T-Mobile. Но го смени името минатата година, за да се избегне забуна.

" И покрај совпаѓањето , ние немаме намера да делиме едно име со група, чие име стана синоним за насилство", посочија од мобилната компанија.

Еден од водечките светски центри за физика и истражување се наоѓа во Велика Британија и така го носи името Isis. Тој сеуште не објавил ребрендирање.

Хотон тврди дека била поддржана од пријателите за промената на името и има добиено позитивни критики на Facebook за овој потег. Затоа со нетрпение го очекува новиот почеток.

Обработка: К.К. Извор: CNN

Можеби ќе ве интересира

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

Пентагон: САД се одлучни да го спречат Иран да го прошири конфликтот на Блискиот Исток

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

СВЕШТЕНИК, ГЛАВА НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ, ПОТОМОК НА ПРОРОКОТ - Ова е можниот наследник на убиениот лидер на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

„Неговата смрт го зајакнува отпорот“: Хамас изрази жалење поради убиството на лидерот на Хезболах

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ХЕЗБОЛАХ ПОТВРДИ - лидерот Хасан Насрала е мртов

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ТВРДИ ДЕКА ГО УБИЛА ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ - нема потврда дека Хасан Насрала навистина е убиен

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

„ЖИВОТИТЕ НИ СЕ ВО МИРУВАЊЕ, ЖИВЕЕМЕ ОД ЧАС ВО ЧАС“: потресно сведоштво на Надим Шехади од Бејрут

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот