20 Декември, 2025
0.0429

ПроКредит - прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2022 12:05

Добивај вести на Viber

Со почетокот на ковид 19 кризата, компаниите беа принудени да се адаптираат на новите услови за работа со цел да се заштитат здравјето и благосостојбата на своите вработени. Пандемијата го забрза процесот кај одредени компании да донесат одлука за работа на вработените од своите домови. ПроКредит Банка Македонија, го отвори прашањето на флексибилно работно време и пред пандемијата, но истото се реализира подоцна и конечно се воведува концепт за можност за работа од дома на вработените на ПроКредит Банка.

Банката за своите вработени обезбедува соодветни средства за работа и извршување на редовните работни активности - лаптоп, добра интернет конекција и останати помошни средства. Со ова се овозможува непрекинато поврзување кон апликациите на банката со цел извршување на секојдневните работни активности.

“ПроКредит Банка има професионални и одговорни кадри, вработени кои што се самостојни и испорачуваат висок квалитет и ефикасност на своите работни места. Со оваа одлука во центарот го ставаме секој вработен, неговите потреби, организација и секако очекувањата во однос на придонесот на работното место. Веруваме дека ќе влијае позитивно на вработените преку постигнување подобар баланс помеѓу работата и приватното време, што е траен бенефит за нашата организација.” – изјави Ана Стојановска, Директор на секторот за човечки ресурси во ПроКредит Банка

Со одлуката на банката, максималното траење на ваквиот начин на работа е со времетраење од максимум 4 работни денови во календарскиот месец.

Официјално, ПроКредит Банка ќе биде прва банка во Македонија која ќе воведе флексибилно работно време за своите вработени.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии