ПроКредит Банка го отвори новиот Центар за работа со население во Кисела Вода
Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2025 12:46
ПроКредит Банка го отвори новиот и модерен Центар за работа со население во Кисела Водаво рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон, кој на клиентите ќе им понуди ново клиентско искуство, сеопфатни банкарски услуги, 24/7 зона, како и тим од посветени професионалци кои се тука да споделат стручни финансиски совети, поддршка и брза услуга за сите нивни банкарски потреби.
Отворањето на центарот во Кисела Вода е со стратешка цел да се биде поблиску до граѓаните обезбедувајќи им персонализиран пристап и банка партнер која ќе им помогне во оставарувањето на нивните цели. Дополнително, центарот е опремен и со 24/7 Зона, со современи банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како уплата и исплата на денари и евраи внесување на дневен промет во “drop box” сеф.
“Сакаме да го скршиме стереотипот за тоа како се работи со банка, каде што обично се чека во ред на шалтер со цел да завршите некоја обврска или пак чекање со денови за да се добие одобрување за кредит. Ние сме банка која нуди персонализирана и модерна услуга. Кај нас може да потпишете кредит директно на таблет и истиот може да го добиете за еден час. Банките треба да одат напред со нови, модерни филијалии 24/7 зони и навистина сме горди што ние сме пример и првата банка која што го спроведува тоа.” – истакна Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.
ПроКредит Банка покрај модерната услуга, нуди и промотивна понуда за сите нови клиенти на Центарот за население во Кисела Вода. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 25.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци.
Центарот за работа со население на ПроКредит Банка се наоѓа на ул. Борис Трајковски бр. 1 во рамки на станбено-деловниот комплекс Адора Флат Ирон и е со работно време од 08:30 до 16:30 часот.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




