ПроКредит Банка и ЕБОР одржаа настан посветен на генерациската транзиција во бизнисот - стратешки момент за секоја семејна компанија
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 16:30
ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организираа инспиративен настан “Наследување на семејниот бизнис”, во ресторан “Парк” – Скопје, посветен на генерациската транзиција во семејните компании – тема од суштинско значење за одржливоста и успехот на локалните компании. На настанот присуствуваа сопственици, менаџери и наследници од семејни компании од целата земја кои ја препознаа важноста на навремена подготовка и стратешко водење на промената.
„Генерациската транзиција е клучен процес во развојот и континуитетот на секој семеен бизнис. Затоа е важно да се отвори прашањето за тоа како овие компании можат успешно да ги пренесат вредностите, визијата и трудот што се пренесуваат низ генерации. Со оваа иницијатива сакаме да поттикнеме свесност дека навременото планирање e најзрела форма на визионерско водење и да ја потврдиме нашата посветеност за поддршка на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој” – истакна Магдалена Манева, Директор на Експозитура за претпријатија во ПроКредит Банка
ЕБОР веќе речиси три децении го поддржува приватниот сектор во земјава, и препознава дека успешното планирање на наследувањето на семејните бизниси, како и непречениот пренос на управувањето на бизнисот се едни од клучните предуслови за долгорочна одржливост и раст на приватните компании.
На настанот учесниците имаа
можност да слушнат вредни искуства и практични совети од:
· Борис Вукиќ, Партнер и сениор соработник на “Adizes”, кој сподели регионални примери и пристапи за успешно наследување и развој на семејниот бизнис
· Глигор Цветанов, Генерален и извршен директор на “Макпрогрес”, кој ја пренесе својата лична приказна, искуство и предизвиците при генерациската транзиција
Во рамки на серијалот„Наследување на семејниот бизнис“, следуваати работилници кои ќе овозможат подлабинска
разработка на темата и размена на практични искуства.
Првата работилница ќе се одржи на 4 и 5 ноември во просториите на Централната
управа на ПроКредит Банка, каде 40 учесници ќе имаат ексклузивна можност подетално да се
запознаат со клучните аспекти на генерациската транзиција во семејните компании. Сите заинтересирани за работилницата може
да се пријават на следниот линк. По завршување на процесот на селекција,
сите кандидати ќе бидат навремено известени за резултатот на нивната апликација.
Со ваквите иницијативи, ПроКредит Банка и ЕБОР ја потврдуваат својата посветеност на поддршка на семејните компании во нивниот развој, трансформација и долгорочна стабилност.
Бизнис настанот и претстојните работилници се финансиски поддржани од специјалниот фонд на ЕБОР – Small Business Impact Fund (SBIF) – The donors contributing are: Italy, Ireland, Japan, South Korea, Luxembourg, Norway, Sweden, Switzerland, TaiwanBusiness – EBRD Technical Cooperation Fund, the United Kingdom, and the United States of America.





* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





