18 Декември, 2025
0.0702

Прокредит Банка организира Агро Бизнис Форум и избира најиновативни агро бизниси од Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2014 10:33

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка, како банка лидер во финансирањето и поддршка на агро бизнис секторот, ќе организира агро бизнис форум на кој се обединуваат сите релевантни страни од македонското земјоделие: примарни земјоделски производители, преработувачи на земјоделски производи, земјоделски откупници, здруженија на земјоделци и фармери, како и Министерството за земјоделие и ФФРМ. Форумот ќе отвори нови можности за соработка помеѓу сите поврзани страни во македонскиот аграрен бизнис, со изложба на производи и размена на контакти за соработка и пласман на производите, како да се оствари директен дијалог со релевантни страни за законските промени. Во рамките на агро форумот, ПроКредит Банка ќе оддаде признание на најпроактивните македонските агро претприемачи кои го развиваат и унапредуваат македонскиот агро бизнис, на добро познатиот конкурс меѓу земјоделците ,,Најпроактивен агро бизнис” кој се одржува трета година. Конкурсот за пријавување на изборот за најпроактивен агро бизнис е официјално отворен и трае до 30 ноември. За првпат оваа година ќе може да се пријават и преработувачи на земјоделски производи од домашно потекло и откупци т.е извозници на македонски земјоделски производи. Покрај овие две категории повторно ќе бидат наградени и примарните земјоделски производители во категориите на житни култури, раноградинарство (површина на отворено над 15 декари, во оранжерии над 5 декари), долгогодишни овошни насади (површина над 30 декари), сточарство (фарма над 300 грла), сертифицирано органско производство. Сите заинтересирани агро бизнис претприемачи може да се пријават на веб страната на ПроКредит Банка или во било која експозитура на банката. Најпроактивните агро бизниси ќе бидат прогласени на 17 декември и наградени со саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и пласман во странство. Ваквиот настан е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка  која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија, информираат од банката.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?