Прокредит банка планира пораст на кредитирањето за 10 отсто
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2013 13:00
Прокредит Банка минатата година ја заврши со актива од 245 милиони евра, што е за 13,1 отсто повеќе во однос на 2011 година и депозитна база од 153 милиони евра и пораст од 5,4 отсто. Кај кредитите забележан е пораст од 13,2 отсто. Првиот кваратл од годинава за манџментот на Банката е добар старт.
Генералната директорка Јованка Јолеска-Поповска на денешната прес-конференција истакна дека од почетокот на годината се исплатени 2.768 кредити во износ од 39 милиони евра и претставува 13,01 отсто пораст во однос на првиот квартал од 2012 година. Процентот на кредитите кај кои има задоцнување во исплатата над 90 дена во 2012 година, како што рече, Јолеска-Поповска, е 2,74 отсто.
Таа додаде дека минатата година 70 отсто од кредитите биле краткорочни, а во 2013 година поголемиот дел се за инвестиции, што значи дека заживува инвестициската активност кај претпријатијата.
Посочи дека за оваа година имаат планиран пораст на кредитното портфолио за 10 отсто и дека ќе бидат фокусирани на производствениот сегмент на малите и средни компании, земјоделско и органско производство, како и кредитирање во доменот на енергетско ефикасни инвестиции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





