24 Октомври, 2024
0.0262

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија - се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Објавено во: Мои пари 14 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка успешно го заврши вториот настан од серијата „Дигитална еволуција – Одговорност на бизнисите кон иднината “. Станува збор за бизнис конференција посветена на унапредување на дигитализацијата во македонскиот бизнис сектор со посебен фокус на малите и средни претпријатија.

По успешниот настан минатата година кој на едно место собра претставници на домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање, овој пат на конференцијата се приклучија над 120 учесници од локалниот бизнис сектор.  

Претставници на 7 истакнати компании ги запознаа присутните со нивните нови и иновативни дигитални решенија прилагодени за малите и средните претпријатија. Маријана Андриќ од компанијата Маранд, Анастасија Милковска од Телеком, Лазар Грубор од Фоксит, Димитар Јаневски од Инбокс, Благоја Хамамџиев од Моделикс, Елена Димовска од Семос едукација и Проф. Др. Никица Мојсоска Блажевски од Го Дигитал со своите презентации илустрираа како овие технологии можат да ги автоматизираат процесите, да го подобрат планирањето и одлучувањето, да ги оптимизираат трошоците и да ги задоволат барањата на конкурентниот пазар.

По презентациите се одржа панел дискусијата „Дигитална трансформација - предизвици и можности“, модерирана од Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, на којашто Дритан Шујаиби од Маратодент, Љубиша Веселиноски од Тим Електро Плус и Станислава Шаровиќ Павковиќ од Шизик на Ризик ги споделија своите искуства со дигиталната трансформација.

Покрај споделените лични предизвици и можности, панелистите посочија и вредни стратегии за бизнисите кои започнуваат со нивните дигитални патувања.

Најголемиот новитет на настанот оваа година беше саемот за дигитални решенија и вмрежување, каде што компаниите кои презентираа беа домаќини на штандови, нудејќи им на присутните шанса подетално да ги истражат дигиталните решенија и да се поврзат со потенцијални соработници.

Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, во своето обраќање на настанот ја нагласи важноста на дигитализацијата за малите и средните претпријатија.

Дигиталната трансформација е култура на компанијата, начин на размислување на вработените и дефинирање на бизнис модел, исто колку и интеграција на новите технологии. Дигитализацијата повеќе не е револуција, таа е процес на еволуција низ кој неминовно поминува секоја компанија.

Праксата покажува дека тоа што е неопходно за имплементација на дигитални решенија во пракса е линк помеѓу бизнис секторот и компаниите кои нудат дигитални услуги, па токму затоа ПроКредит како партнер на бизнисите повеќе од 20 години покрај воведување нови технолошки промени и иновации во своите процеси, оди чекор понапред и нуди платформа за едукација и вмрежување на клиентите, со што наметнува забрзано темпо на дигитализација во бизнис секторот. Сметаме дека ова е неопходен чекор за компаниите да го забрзаат својот развој, да ја зголемат конкурентноста, а со тоа  да ги подобрат финансиските резулатати.“ – изјави Емилија Спировска.

Како лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор, ПроКредит Банка преку серијата настани „Дигитална еволуција– Одговорност на бизнисите кон иднината“ ќе продолжи да гради мост помеѓу деловниот сектор, давателите на дигитални решенија и финансиските институции, промовирајќи практични решенија за потребите на компаниите кои се на патот кон успехот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

„Макпетрол“ ја пушти во употреба обновената бензинска станица во Гостивар

Промоција на „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска

Промоција на „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска

Високо признание од „Јагуар Ленд Ровер“ за фабриката на Костал во Охрид

Високо признание од „Јагуар Ленд Ровер“ за фабриката на Костал во Охрид

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје