19 Декември, 2025
0.0523

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20 отсто

ПроКредит Банка минатата година ја одбележи со исклучителни финансиски резултати и повторно ја докажа препознатливата стабилност забележувајќи раст од над 17% на базата на бизнис клиенти и над 12% на базата на физички лица.

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2023 08:40

Добивај вести на Viber

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати над 17%раст на бројот на бизнис клиентии над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како ираст на кредитното портфолио во вкупна вредност од 12,4 милиони  евра, каде особено е значителен растот во делот на физички лица кој изнесува 22%. Дополнително, од особено голема важност е и ниското ниво на нефункционални кредити од 1,78% што е под просекот на банкарскиот сектор, какои 20% учество на Еко-портфолиото во вкупното кредитно портфолио, процент кој е видно поголем од просекот на банкарскиот сектор.

Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база. Во текот на 2022 година истата се зголеми за 68 милиони евра или 17% и достигна ниво од 480 милиони евра. Позитивниoт тренд е сигнал дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани, на ниско ниво. Потврда за тоа евисокиот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка (BBB-), оценет од страна нареномиранатамеѓународна агенција Fitch, со што ПроКредит е единствена Банка во Македонија со ваков меѓународен рејтинг.  

Како дел од систематизираниот ESG пристап, ПроКредит и во 2022 продолжи со креирање позитивен импакт на пазарот за инвестиции во соларната енергија, како начин за справување со климатските промени и декарбонизација на Македонскиот енергетски систем. Организирајќи едукативни работилници за предностите од инвестициите во фотоволтаични централи, на настаните земаа учество преку 150 присутни, претежно мали и средни компании, но и физички лица.

Проактивната улога која ПроКредит ја има во подигнување на свесноста резултираше со поддршка на преку 120 инвестиции во соларната енергија за сопствена употреба од преку 30МВ во инсталиран капацитет. Влијанието што ПроКредит Банка го има на пазарот е уште поголемо, ако се земе предвид дека значаен број на клиенти се одлучија да инвестираат и без потреба од финансиска поддршка.  

ПроКредит Банка продолжува да биде поддршка на физичките лица и бизнис секторот. Банка која поставува стандарди за одржлива, одговорна и етичка банка чиј фокус е економскиот раст и развој со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Во 2023 година ПроКредит Банка го прославува јубилејот – 20 години успешно дејствување на пазарот и продолжува со иновациите. Од Банката најавуваат дека една од новините кои ќе бидат воведени и со која ќе се заокружи комплетното дигитално искуство ќе биде можноста за користење на дигитален идентитет за отворање на сметка во Банката и потпишување на документи и договори.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии