ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЕСЕН: Опасен штетник може да ги уништи посевите
Објавено во: Агробизнис 20 Ноември, 2019 06:40
Поради високите температури кои не се вообичаени за овој период од годината, штетниците се размножуваат и ги напаѓаат житните култури.
На удар ќе бидат јачменот и пченицата. Земјоделците треба да преземат мерки и со прскање да ги заштитат од штетникот забрус балканикус. Агрономите велат дека забрус балканикус може да уништи и повеќе од 50 отсто од посеаните житарици.
„Најголем проблем ќе се јави кај пченицата и јачменот, сега кога се во фаза од еден до три листа, а за штетникот забрус балканикус се потребни високи температури и влага за да се испили. Во овој период тие услови ги има, температурите се од 15 до 20 степени и тоа за него е многу погодно. Овој штетник го има во Источна Македонија, но не се поштедени и другите делови“, вели м-р Иван Зафировски, агроном.
Но, и овошките нема да бидат поштедени. Штетниците кои на овие временски услови се размножуваат, ќе ги нападнат црешите, праските, крушите.
„Само сливата е малку поотпорна на штетници од другите дрвца. Бидејќи е топло, штетникот опстанува под кората на дрвјата, ги напаѓа, и со тоа родот ќе биде многу помал. На минусни температури, штетниците и инсектите изумираат“, вели овоштар од Берово.
Според прогнозите, се очекува да имаме блага зима. Првиот снег oваа зима ќе падне на почетокот на следната 2020 година. Јануари ќе биде топол и сончев месец.
Време со дневни температури од 5 до 10 степени ќе имаме и во декември, а утринската температура ќе биде неколку степени под нулата.
Го имавме најжешкиот октомври регистриран досега на планетата, соопшти европската Служба за климатски промени Коперникус. Се работи за петти последователен месец во кој е регистриран топлотен рекорд или температурите биле многу блиску до највисоки бројки. Октомври 2019 година беше 0,63 Целзиусови степени над просечната температура од референтниот период 1981-2000, со што незначително е урнат рекордот од октомври 2015 година за 0,01 степени Целзиусови, но беше 1,2 Целзиусови степени над температурата во прединдустрискиот период.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





