18 Декември, 2025
0.0391

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Обилни врнежи, грмежи и силен ветер

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2023 20:23

Добивај вести на Viber

Под влијание на моќен Џеновски циклон, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со појава на грмежи.

Обилни врнежи од дожд на многу места низ Македонија ќе има во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота. Локално ќе биде нестабилно и со појава на грмежи, а можни се и поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, со што локално е можна појава дури и на град.

„Во петок, како и во недела ќе биде многу ветровито, односно на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час). До недела локално во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2, локално и над 50 литри дожд). Во Скопје и околината очекуваме слично време, со поинтензивни врнежи од дожд во текот на ноќта петок кон сабота, но и во сабота. И во Скопскиот регион очекуваме засилен ветер од јужен правец. Температурите, иако за неколку степени пониски, сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени. Апелираме доколку во следниот период се случат електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен јужен ветер препорачуваме крајна внимателност. Невреме му се заканува на целиот регион, кој исто така е под влијание на овој моќен Џеновски циклон“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Во Алпскиот регион овој циклон условува интензивни врнежи од снег и вистинска зима.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје