Промените на Уставот ќе се финализираат по Нова година?
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 18:39
Промената на Уставот најверојатно ќе заврши во јануари.
Парламентот во петок ја почна постпаката за уставни измени за промена на името во согласност со Договорот од Преспа.
По ова следуваат уште неколку фази и гласања на пратениците, а целата процедура треба да заврши во втората половина на јануари.
Во следните денови власта и опозицијата преку Собранието ќе почнат да работат на текстот на нацрт амандманите. Според премиерот Зоран Заев, нема пречки во нив да бидат вградени и барањата на групата опозициски пратеници кои гласаа „За“.
И вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска посакува пратениците да постигнат консензус за уставните измени. Не сака да прејудицира колку амандмани ќе има и што точно ќе содржат.
Министерката вели дека ова е вистинскиот момент да се порази поделеноста на државата и да прекинат политичките поделби и конфликти.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




