Променлива структура кај планирањето на финансиските средства за поддршка во земјоделството
Објавено во: Агробизнис, Колумни 01 Март, 2017
Финансиската поддршка на земјоделството е дел од аграрната политика на Земјата. Реалното планирање и рационалното прашање на тие финансиски средства е особено важно за земја која издвојува релативно високи суми средства од буџетот наменети за спроведување на аграрната политика и покрај сиромаштијата и неразвиената економија, каква што е македонската. Анализа на трошењето на финансиските средства се врши најчесто во споредба со планираното, меѓутоа во случајот на Македонија, не може да се направи таква анализа, бидејќи Агенцијата за поддршка на земјоделство и рурален развој не презентира во јавност структура на потрошените средства по години споредливи со структурата на планираните средства.
Затоа поаѓаме од стојалиштето, дека планираните средства во годишните
програми за финансиска поддршка на земјоделството се трошат според
предвидувањата во годишната програма. Предвидувањата (планот) во годишната
програма покажуваат намера на Државата со распределба на финансиските средства
помеѓу земјоделските гранки, расподела помеѓу поедини производи, поддршка на
определени активности и друго, да ја спроведува аграрната политика. Структурата
на планираните средства од 2010 до 2017 год. покажува релативно сериозни
промени кои неможат да се поведат под поимот разбирливи намери на Државата за
спроведување на издржана политика соодветна на земјоделството и националната
економија.
Таб. 1. Структура на планирани финансиски средства за поддршка во земјоделството
(апсолутни износи во .000 ден.)
Ред. бр. |
Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства |
2010 |
2014 |
2015 |
2016 |
2017 |
1 |
Финансиска поддршка на растително производство |
2.937.000 |
3.156.980 |
3.113.000 |
2.000.000 |
2.000.000 |
2 |
Финансиска поддршка на сточарско производство |
1.733.100 |
2.000.000 |
2.100.000 |
1.011.400 |
1.181.000 |
3 |
Финансиска поддршка за воведување стандарди за квалитет и безбедност на храна |
20.000 |
- |
- |
- |
- |
4 |
Финансиска поддршка за органско земјоделство |
70.800 |
- |
- |
- |
- |
5 |
Општи мерки за развој на земјоделството |
61.000 |
- |
- |
- |
- |
6 |
Нереализирани обврски од претходната година |
504.800 |
906.000 |
850.000 |
2.900.000 |
2.727.857 |
7 |
Помош за за осигурување |
- |
20.000 |
20.000 |
70.000 |
70.000 |
8 |
Помош за заштита на земјоделско земјиште |
- |
2.000 |
2.000 |
2.000 |
2.000 |
9 |
Помош за одделни категории за носители на земјоделски стопанства |
- |
150.000 |
150.000 |
10.000 |
10.000 |
10 |
Помош за сточарски сектор |
- |
10.000 |
10.000 |
181.000 |
12.000 |
11 |
Материјални трошоци за спроведување на програмата |
- |
15.000 |
15.000 |
15.000 |
15.000 |
12 |
Помош за загуби од природни непогоди за 2015 год. |
- |
- |
- |
50.000 |
- |
13 |
Дополнителна помош за загуби од природни непогоди за 2015 год. |
- |
- |
- |
50.000 |
- |
14 |
Заостанати обврски од програма за здравствена заштита во 2014 год. |
- |
- |
- |
30.000 |
- |
15 |
Помош за загуби од невреме во 2016 год. |
- |
- |
- |
- |
50.000 |
16 |
Дополнителна помош за загуби од невреме за 2016 год. |
- |
- |
- |
- |
50.000 |
Вкупно |
5.326.700 |
6.259.980 |
6.260.000 |
6.320.000 |
6.117.857 |
Вкупните износи на средствата за поддршка на земјоделството во последните три години се скоро исти, а во споредба со 2010 година и поголеми за близу една милијарда денари. Најголеми разлики помеѓу 2010 година и последните три години има кај директната поддршка на растителното производство и нереализирани обврски од претходната година. Додека финансиските средства за поддршка на растителното и сточарското производство силно се намалени, особено последните две години, средствата за нереализирани обврски од претходната година силно се зголемени и тоа за над две милијарди денари во споредба со 2010 година.(таб.1). Податоците од програмите за поддршка на земјоделството покажуваат зголемен број “мерки“ во споредба со 2010 година, а за некои “мерки“ не може да се каже дека се во функција на поддршка на доходот на земјоделците, како што се “Поддршка за загуба од природни непогоди“, дополнителна поддршка за таква загуба, како и “Заостанати обврски од програма за здравствена заштита“.
Планираните средства за овие “мерки“ кои се исплаќаат од средствата за поддршка на земјоделството во 2015 година изнесува 130 милиони денари, и за 2017год. 100 милиони денари. За такво трошење на средства, а особено за заостанати и нереализирани средства од претходна година, учеството на средствата за директна поддршка на растителното производство во вкупните средства, се намалени во 2017 година на 32,6% од 55,1% во 2010 година, учеството на средствата за сточарско производство е намалено за близу 50% на учеството на средствата за нереализирани обврски од претходна година се зголемени од 9,5% на над 45%.(таб.2) Овие податоци укажуваат на тенденција, планирањето на средствата да се прави за две години, бидејќи во тековната година се исплаќале само 55% од средствата планирани за соодветната година. Не е познато зашто таквите тенденции се јавиле по 2014 год., но очигледно е дека во 2015 и во 2016 година Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој не успеала да ги подмири обврските кон земјоделците во времето кога им биле неопходни, односно кога ги направиле трошоците за производство туку дури во следната година.
Таб. 2. Структура на планирани финансиски средства за поддршка во земјоделството
(Релативни односи - вкупниот износ =100)
Ред. бр. |
Мерки за поддршка на доходот на земјоделските стопанства |
2010 |
2014 |
2015 |
2016 |
2017 |
1 |
Финансиска поддршка на растително производство |
55,1 |
50,4 |
49,7 |
31,6 |
32,6 |
2 |
Финансиска поддршка на сточарско производство |
32,5 |
31,9 |
33,5 |
16,0 |
19,3 |
3 |
Финансиска поддршка на за воведување стандарди за квалитет и безбедност на храна |
0,4 |
- |
- |
- |
- |
4 |
Финансиска поддршка за органско земјоделство |
1,3 |
- |
- |
- |
- |
5 |
Општи мерки за развој на земјоделството |
1,1 |
- |
- |
- |
- |
6 |
Нереализирани обврски од претходната година |
9,6 |
14,6 |
13,6 |
45,9 |
44,8 |
7 |
Помош за за осигурување |
- |
0,3 |
0,3 |
1,1 |
1,1 |
8 |
Помош за заштита на земјоделско земјиште |
- |
0,03 |
0,03 |
0,03 |
0,03 |
9 |
Помош за одделни категории за носители на земјоделски стопанство |
- |
2,4 |
2,4 |
0,2 |
0,2 |
10 |
Помош за сточарски сектор |
- |
0,2 |
0,2 |
2,9 |
0,2 |
11 |
Материјални трошоци за спроведување на програмата |
- |
0,2 |
0,2 |
0,2 |
0,2 |
12 |
Помош за загуби од природни непогоди за 2015 год. |
- |
- |
- |
0,8 |
- |
13 |
Дополнителна помош за загуби од природни непогоди за 2015 год. |
- |
- |
- |
0,8 |
- |
14 |
Заостанати обврски од програма за здравствена заштита во 2014 год. |
- |
- |
- |
0,5 |
- |
15 |
Помош за загуби од невреме во 2016 год. |
- |
- |
- |
- |
0,8 |
16 |
Дополнителна помош за загуби од невреме за 2016 год. |
- |
- |
- |
- |
0,8 |
Проф.Др. Борис Анакиев
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.