ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО ГРМЕЖИ, ДОЖД, ВЕТЕР - синоптичарите предупредуваат 'бидете внимателни'
Објавено во: Македонија 31 Август, 2025 07:26
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која е поврзана со циклонската активност со центар над Џеновскиот залив од вчера, и во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец (повремено и со брзина од над 60 км/час).
- Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваното невреме кај нас, апелирам граѓаните да обратат голема внимателност, тоа значи во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, а тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени - пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Тој на својата „Метоаларм“ објави дека слично време ќе го зафати и главниот град, каде ќе имаме исто така променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец.
- Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Поради продор на значително посвежа воздушна маса од север температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени, а во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 29 степени. Тоа значи ќе биде значително посвеж и со повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието - нагласува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




