ПРОМОЦИЈА И ДРУЖЕЊЕ КАКВО ДОСЕГА НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ!
Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2018 07:00
Првото издание на „Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се” организирано од Интерсофт заврши, но скопјани од понеделник имаат и друга алтернатива. Почнува нова кампања за освежување, уживање во природа и кратко разладување со добро кафе.
Свеченото отварање на првото издание беше со спектакуларен поглед и зајдисонце. Се одржа во просториите на најзначајниот изграден проект на Интерсофт, “Ветрило” кој е во општина Сопиште.
Отварањето беше вовед за она што следуваше во изминатите девет дена, како и отворената можност за посета. Настанот кој придава значење на придобивките од здравиот начин на живот во современото домување и главната цел која успешно се реализира, подигнување на свест и адресирање на загрижувачки животни прашања од современото домување и живеење преку дискусија, предлози, идеи и иновации. Искуствата на присутните и споделување на идеи и можностите кои ги нуди здравиот и рационален начин на живот.
По воведниот дел и топлото добредојде од организаторите, следеше делот
во кој говорниците зборуваа, несебично споделија и советуваа за
-“Фенг Шуи системи за здравопросперитетно живеење – практична примена на
Фенг Шуи ситеми” – Моника Конеска, Фенг
Шуи архитект.
-“Зелени ѕидови, кровни
градини” - Мите Филков, експерт
за зелени кровови и ѕидови.
-"Valeto Smart Home System" - Никола Милев, Smart Hommе


Куќата беше уредена и наместена со чувство како да сте стигнале во домот, каде вашите најблиски со нетрпение ве очекуваат. Заносни ароми и благи и пријатни тонови. Во пријатна атмосфера со забавни муабети сите уживаа во малата закуска, топлината која зрачи од домот и свежиот мирис на летна квечерина. Идеално... А на крај и така пријатната атмосферата ја надополнија латино звуците од музиката во позадина и тивките муабети каде можеше да се наслушне за склучување на нови идни соработки, за совети и излагање на мислења. Месечината се појави, но со тоа настанот не заврши. Продолжи и повеќе од предвиденото, никој не сакаше да ја напушти свежината и мирисот на Сопиште и да се врати на врелиот асфалт во градската “џунгла”.

Интерсофт не застануваа тука
со своите иновативни идеи. Оваа идеја успеа да сплоти многу бизнис професионалци да соработуваат и за
првпат на овој начин да се промовираат, да ги понудат и постават своите
новитети во компаниите и меѓусебно да се вмрежат. А притоа сите нивни производи
да бидат на место онаму каде што припаѓаат и да ја вршат улогата и намената за
која и се создадени. Забава, промоција и користи информации на едно место, во еден
дом, на еден настан. Откако стивна настанот соработките се најавија и сега од
Интерсофт најавуваат нешто ново за сите вас. Не престануваат да не
изненадуваат, од понеделник стартуваат со нова кампања во која нудат алетернатива
за скопјани. Дојдете да се освежите, да уживате во природа и кратко да се
разладите со добро попладневно кафе. Ако ви е потребен мир и спокој за вистинска релаксација,
свежина и зеленило, чиста и здрава околина, чист воздух и поглед кој ги полни очите
и душата, сите сетила...
Ако сте за прошетка во природа, или уживање во
попладневното кафе заедно со вашите најмили тогаш посетете го комплексот и
уживајте. Или решете се тоа да биде вашето секојдневие, да биде вашиот дом.
За повеке инфомации следете ги на Facebook страницата: https://www.facebook.com/Intersoftmk/ или на web:http://intersoft.com.mk/
*Комерцијален текст
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




