Промоција на „Италијанската литература и култура...“ во рамките на Недела на италијанскиот јазик во светот
Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2025 11:18
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од авторките проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ Јосимовска ќе биде промовирана на 29 октомври (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Промоторка на изданието на „Арс Ламина“ ќе биде проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, а на настанот ќе се обрати и уредничката Цветанка Стоилова. Промоцијата се одржува во рамките на 25. Недела на италијанскиот јазик во светот, која годинава се одбележува од 13 до 30 октомври.
Книгата ги запознава читателите со творештвото и достигнувањата на најзначајните претставници на барокот, просветителството и неокласицизмот во Италија, имајќи ги предвид придобивките на нивното творештво и истражување врз целокупниот понатамошен развој на науката и културата на глобално ниво: хелиоцентричната теорија застапувана од Џордано Бруно, емпирискиот метод на Галилео Галилеј (покрај многу други епохални иновации), филозофијата на историјата од Џамбатиста Вико, иновативните вешти метафори на Џамбатиста Марино, реформата на театарот на Карло Голдони, општествено ангажираната поезија на Џузепе Парини, интроспективните морални драми на Виторио Алфјери, импровизирачката моќ на актерите на Commedia dell’arte, вештите поигрувања со традиционалните форми и актуелните теми на Винченцо Монти и многу други новини претставени во теоретскиот дел и поткрепени во практичниот дел со извадоци од конкретните дела.
Паралелно со книжевните вредности кои ги истакнува книгата, за секој од споменатите периоди е направен преглед на значајни уметнички дела од музиката, скулптурата, архитектурата или сликарството.
Книгата ќе биде достапна во поголемите книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





