Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски
Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2025 13:04
Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ , кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката - Оливера Ќорвезироска.
„Околу три по полноќ“, која е прва публикација на Дурацовски по пауза од една деценија, е уникатно издание, отпечатено со две различни корици: празничен примерок и делничен примерок. На неодамна доделените награди на Македонската асоцијација на издавачи, на Саемот на книгата 2025, книгата освои второ место во категоријата за највпечатлив целосен дизајн (корица и внатрешност) на издание за возрасни.
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, меѓу дарбата и знаењето... но, над сè – раскошен каталог на едно широко време и едно длабоко постоење. Бесценет експонат од изложбата на современата македонска книжевност.
Станува збор за речиси графички роман, каде што визуелното е еден вид доработка на раскажувачкиот ритам на Дурацовски. Во книгата се вклучени повеќе од 120 фотографии, плакати, омоти од книги и плочи, како и уметнички слики, сè со целосна реализација на хибридниот текстуален концепт и на визуелно ниво.
Во дизајнот на кориците, чиј автор е Марко Трпески, искористена е слика од самиот Дурацовски, врз која е интервенирано со негова фотографија. Колажната постапка на Трпески создава несекојдневен визуелен ефект, каде што авторот на книгата и на сликата се појавува како реален лик: еднаш во костум (празничен примерок), другпат во обична кошула (делничен примерок).
Димитрие Дурацовски (1952) е писател и сликар, кој работел како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Припаѓа на т.н. петта генерација, односно петтиот круг на автори што се појавија на македонската книжевна сцена во 1980-тите години. Тој е и предвесник на современиот концептуален ликовен израз во Македонија. Целиот негов опус е обележан со постмодернистичка естетика. Автор е на култните збирки раскази „Тајна историја“ и „Црни пророци“, како и на романите „Insomnia“ и „Бледи сенки, далечни гласови“. „Околу три по полноќ“ е неговата петта книга – хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... но, над сè, раскошен каталог на едно широко време и едно длабоко постоење. Дурацовски е двократен добитник на наградата „Рациново признание“ (за „Insomnia“ и за „Бледи сенки, далечни гласови“), како и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело. Во 2023 година, во Националната галерија Чифте-амам беше отворена неговата ретроспективна изложба „Ветар параклет“, прва по речиси 40 години неизложување.
Книгата „Околу три по полноќ“ е достапна во сите поголеми книжарници, како и онлајн на www.literatura.mk.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ
Еурофарм одбележува 25 години развој: Од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени





