Промотивно, стабилно и сигурно штедење со каматни стапки до 2,7 проценти
Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2022 11:13
Халкбанк и овој октомври, во светскиот месец на штедење, со веќе познатиот производ ПРОМО депозит на штедачите им нуди одлични услови за орочување на своите средства со најатрактивни каматни стапки!
ПРОМО депозитот е наменет за физички лица и овозможува штедење во денари или во евра, а орочувањето може да биде на 13 и 25 месеци.
Најновата понуда за ПРОМО депозит важи во месецот на штедење, односно истата може да ја искористите во период од 01.10 - 31.10.2022 година.
Каматните стапки на ПРОМО депозитот се навистина атрактивни и кај штедни влогови орочени на 13 месеци каматата изнесува 2,4 отсто за заштеди во денари, односно 1 отсто за штедење во евра. За орочување на период од 25 месеци каматната стапка е 2,7% за денарско штедење, односно 1,5 проценти за штедење во евра. Каматите се фиксни за периодот на орочување, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра.
Кај овој производ не постои можност за дополнителни уплати на средства, а камата може може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.
Доколку размислувате за тоа кој е најдобриот начин да ги оплодите вашите средства, во моментов ПРОМО депозитиот е најекономичното решение за вас.
ПР ОбјаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




