Добивај вести на Viber
И официјално, утре од 10 часот изутрина ќе биде отворена вртелешката на Плоштадот Македонија. Првиот ден, според најавите, возењето ќе биде бесплатно.
Подоцна, во текот на овој и следниот месец ќе се продаваат билети по промотивна цена од 30 денари за едно лице, односно 40 денари за дете со родител. По завршувањето на промотивниот период, билет за едно возење ќе чини 45 денари.
Според податоците објавени на Бирото за јавни набавки, вртелешката чини околу 162 илјади евра.