Добивај вести на Viber
Викендов КОКО, крокодилчето кое е заштитен лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување – Живот ќе присуствува на детскиот фестивал „Поточиња“, информираат од компанијата.
Оттаму на дружење и бесплатно фотографирање ги повикаа родителите и децата кои ќе посетат фестивалот, а секое дете ќе добие на подарок „Коко боенка“.
„Драги родители, додека
КОКО другарува со Вашите деца, Вие ќе можете бесплатно да се информирате за карактеристиките на КОКО
детското штедно осигурување“, посочуваат од Кроациа Осигурување – Живот.
Детскиот фестивал „Поточиња’ се одржува на 23-ти и 24-ти март во Универзална сала.