Промовиран системот за микроучење
Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2013 13:23
Министрите за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска го промовираа системот за микроучење, како напредна алатка за зголемување на степенот на познавање на прописите од страна на вработените во јавната администрација.
Особено значајно за МВР, нагласи министерката за внатрешни работи, е тоа што овој систем е многу едноставен за управување и користење. Тоа значи дека овој систем може да го користи секој што раполага со персонален компјутер или со „паметен мобилен телефон“.
- Системот се состои од серија на прашања кои службеникот ги одговара и со самото тоа може да го провери и степенот на неговото знаење. Истовремено, неговиот старешина може да има увид во тоа колку има интерес кај секој службеник поединечно да учи и да се надградува, но и со колкава успешност ги одговара прашањата, појасни Јанкулоска.
Самиот систем, пак, кога се работи за МВР, областите по однос на кои ќе се обучуваат вработените, ќе бидат прилагодени на работата на МВР, но можат да бидат од секоја сфера.
Овој систем за микроучење, потенцира министерот Ивановски, се воведува во Република Македонија по примерот на Австрија, а е прва држава од регионот што ќе го користи односно активно го применува. Досега, информира тој, се изработени 13 курсеви на овој систем, направени се 27 лекции, 192 лица од државната администрација веќе поминале на обука, а над 6.600 посети се регистрирани на овој систем во период од три месеци. Според направената анкета, дури 80 проценти изразиле задоволство и се изјасниле оти се согласни и понатаму активно да го користат системом за кој сметаат дека нема потреба од промена на негова надградба.
- Системот се користи и на „паметни телефони“ каде што може да се даде одговор, а самиот систем го кажува точниот одговор, со тоа што има можност да се даде и објаснување за точниот одговор. Тоа значи дека вработениот постојано се едуцира на своето работно место без да го напушти, а што е најбитно за институција како МВР, кое има голем број локации и е децентрализирано, сите вработени во админситрацијата рамномерно ќе се надградвуаат во своето знаење особено кога има измени во легислативата, изјави минситерот Ивановски.
Тој најави дека се очекува до крајот на оваа година, како Министерство за информатичко општество и администрација да се реализираат над 3.000 обуки на постоечкиот систем.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





