05 Декември, 2025
0.0338

Промовирана апликација за мобилни телефони со симулаторот за возачки испит

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2013 13:11

Добивај вести на Viber

Авто мото сојузот на Македонија и Министерството за внатреншни работи денеска ја промовираа новата апликација за мобилни телефони која го содржи симулаторот за полагање на електронскиот тест од возачкиот испит.

Апликацијата ги содржи сите функционалности што ги има електронскиот систем за полагање на теоретскиот дел од возачкиот испит и со неа кандидатот има можност во секое време да одговори на прашањата и да го провери своето значење.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која присуствуваше на промоцијата, нагласи дека оваа апликација ќе им биде од голема помош на кандидатите кои треба да го полагаат возачкиот испит.

- Нашата цел со воведувањето на новиот начин за полагање на теротетскиот дел за возачкиот испит не е да се намали бројот на положени кандидати, туку објективно да се оценува знаењето. Она што на некој начин беше правило во минатото да се фотокопираат тестови и да се учат прашањата напамет, сега е многу малку веројатно, речиси невозможно со оглед на бројот на комбинации на прашања кои се генерираат од една заедничка база и кои можат да бидат составен дел од испитот што го полага кандидатот, рече Јанкуловска.

За разлика од порано кога бројот на положени кандидати се движел околу 85 проценти, со воведувањето на електронскиот систем на полагање просечно тој број се движи околу 55 проценти, што според министерката Јанкуловска покажува дека се зголемил квалитетот на познавање на безбедносните правила и прописи, односно оти има подобро подготвени возачи во сообраќајот.

Податоците говорат дека во 2012 година е намален бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви. Така, за разлика од 2011 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 8 проценти, а бројот на жртви  за 23 проценти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker