Промовирана книга која ќе им го разјасни спорот за името на Грците
Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 13:41
Во Атина е промовирана книга која треба да им го разјасни причините на Грците за спорот со името на Македонија.
Во форма на прашања и одговори, а не класична книга, на разбирлив и едноставен начин, професорот по политички науки и историја на атинскиот Универзитет „Пандио“, Димтрис Христопулос и историчарот и претседател на Архивот на современа општествена историја, Костис Карпозилос, на Грците им ги разрешуваат главните дилеми околу Македонија и спорот со името.

Протестите за „одбраната на Македонија“, биле причината, но и поводот, да се создаде „10+1 прашања и одговори за македонското прашање“. Авторите меѓу другото, даваат одговори на теми поврзани со македонскиот јазик, македонската нација, македонскиот Устав, прашања за кои во изминатиот период интензивно се говори во Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, книгата „10+1 прашања и одговори за македонското прашање„ беше промовирана во просториите на Стопанската комора во Атина, во преполна сала и во присуство на голем број пратеници и поранешни министри од СИРИЗА, но и претставници од други грчки политички партии. Поздравен говор упати и претседателот на грчкиот парламент, додека пак новинари, професори и авторите на книгата во презентацијата дебатираа околу македонското прашање како низ историјата, така и сега, но и за актуелните преговори што се водат меѓу двете земји.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




