Промовирана книгата „Бадникарски скопски приказни“ од Мојсо Мојсовски
Објавено во: Мои пари 07 Март, 2023 10:05
Во неделата на 05.03.2023, во култната скопска кафана "Лира", бардот на македонското новинарство Мојсо Мојсовски ја промовираше неговата трета книга " Бадникарски скопски приказни " со која дефититивно се етаблира меѓу хроничарите на нашиот град Скопје.
Бадникарски скопски приказни не се само приказни за Скопје, ниту пак се само приказни за Бадник. Ниту пак се само приказни. Ова четиво е Енциклопедија на еден град, Библија за едно време, Бела книга за оваа генерација скопјани и Учебник по историја за идните поколенија.


Мојсо Мојсовски е потомок на првите македонски учители, син на Ѓорѓија Мојсовски од Учителската школа во Скопје. Како непишан аманет од човекот кој ги описменувал првите генерации по Втората светска војна, останало неговиот наследник да остави Запис како сведоштво на едно време кое сите ние со помалку или со повеќе полни гради го проживеавме за жал, односно за среќа сеуште го живееме. Едно време на кое и покрај тоа што историјата го бележи како бурен период во кој се распаѓа една а се создава нова држава сите ние со носталгија се сеќаваме. И ако ви треба ударна доза носталгија тогаш со „Бадникарски скопски приказни“ сте го погодиле лекот.
*пр објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




