20 Мај, 2024
0.0308

Промовирани изданијата МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ и NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE од авторот проф. д-р Петар Атанасов, заменик-министер за образование и наука

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Вчера, 8 мај, во 13 часот, на штандот на издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО, на првиот ден од Саемот на книгата 2019 година, беа промовирани две изданија: МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ и NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (албанско издание на истиот наслов) од авторот проф. д-р Петар Атанасов, заменик-министер за образование и наука.

Книгите ги промовираше Сафет Балази од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.

„Овие две изданија претставуваат битка за идеалот на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури“, изјавуваат од ПРОСВЕТНО ДЕЛО.

„Како што во светот не постојат две исти семејства“, вели Атанасов, „така секое општество е посебна приказна со својата историја и сегашност. Имајќи ги мултиетничките дилеми како главен фокус во овие книги, авторот се стреми кон пронаоѓање на вистинскиот пат, не за ублажување, туку за трајно решение на постојаните етнички проблеми во општеството кои долго време создаваат чувство на небезбедност и тензии меѓу неговите граѓани.  Потребни се добар план и упорни градители“,  заклучува Атанасов.

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи