05 Декември, 2025
0.0342

Промовирани македонските преработки од зеленчук во Шведска

Објавено во: Агробизнис 21 Март, 2013 15:25

Добивај вести на Viber

Во рамките на активностите за промоција на македонски производи и зголемување на македонскиот извоз, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот заедно со амбасадата во Шведска, а со поддршка на АгБиз програмата на УСАИД, организираа студиска посета и деловни средби во Шведска за претставниците од вредносниот синџир за преработки од зеленчук. Целта на посетата  од 18 – 20 март беше  презентирањето на македонските компании Ларс, Випро, Вори, Универзал промет и Бонум и да се зголеми пласманот на македонски производи на шведскиот пазар. За време на престојот, петте македонски компании го посетија најголемиот малопродажен ланец во Скандинавија ICA – лидер во малопродажбата на прехранбени производи. Исто така се одржа промоција во „Гранд Хотел" во Стокхолм каде беа претставени извозните потенцијали на Македонија пред претставници на најголемите маркети, увозници и дистрибутери на храна на шведскиот пазар. -Основната цел на оваа активност беше да се посетат големите увозници/дистрибутери/продавачи на мало кои тргуваат со преработки од зеленчук, да се презентираат македонските производи и да се увиди можноста за поголем извоз на нашите производи во Шведска.Тргнувајќи од фактот дека првите импресии се повеќе од позитивни, сметаме дека посетата беше многу успешна и ќе овозможи воспоставување на нови деловни контакти и зголемен извоз на нашите традиционални производи во Шведска, “ изјавија  претставниците на македонските компании.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?