Промовирани новите компактни Cyber-shot фотоапарати на Sony
Објавено во: Мои пари 18 Март, 2014 18:47
Exmor RTM CMOS сензорот со заднинско осветлување, врвните Sony G објективи и новоразвиениот BIONZ X процесор ќе ви овозможат да направите неверојатни фотографии, дури и при слаба светлина. Моќната комбинација на технологии од последната генерација на Sony ги крева стандардите за квалитет на сликата кој се очекува од компактните фотоапарати. Благодарение на оптичкиот стабилизатор на слика и интелегентниот активен режим за фотографирање ќе може да снимите многу јасни и стабилни видеа во висока дефиниција. Дури и ако пешачите, трчате или пак го држите фотоапаратот далеку од себе, ќе може да забележите импресивна стабилност на снимките и драматично намалување на тресењето.
Моделот DSC-WX350 пак е најмалиот и најлесниот компактен фотоапарат со моќен 20x оптички зум. Благодарение на оптичкиот стабилизатор на слика и интелегентниот активен режим за фотографирање ќе направите стабилни видеа во висока дефиниција без вибрации и тресење, дури и кога максимално го користите зумот, додека Exmor R CMOS сензорот со 18.2 ефективни мегапиксели и брзиот процесор на слика BIONZ X од Sony ќе ви овозможат да направите одлични фотографии и при слабо осветлување.
Beauty Effect автоматски ги ретушира портретите – ја измазнува кожата, отстранува отсјај, ги зголемува очите и ги осветлува забите за повпечатливи резултати без воопшто да имате потреба од познавања на програми за ретуширање на фотографии.
Екстра долгиот живот на батеријата кај овој модел ќе ви овозможи да направите дури 470 фотографии со едно полнење.
Неодоливо мал, тенок и лесен за употреба, впечатливиот DSC-WX220 прави сериозно добри фотографии и видеа во висока дефиниција нудејќи врвни карактеристики како и останатите Cyber-shot модели кои вклучуваат оптички стабилизатор на слика со интелегентниот активен режим на фотографирање, Picture и Beauty Effect.
Заедничко за сите овие компактни Cyber-shot модели од Sony оваа сезона е вградениот Wi-Fi кој дозволува да испраќате фотографии и видеа директно на вашиот компјутер,таблет и телевизор, додека NFC многу едноставно ќе ве поврзе со компатибилните мобилни уреди со само еден допир. Може да го користите вашиот телефон како далечински управувач што го прави идеален за групни фотографии каде што нема да сакате да бидете зад фотоапаратот, објаснуваат од Sony.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




