Пронајден трупот на кумановецот кој пред пет дена излета во Вардар
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2022 11:59
Пред неколку минути во водите на реката Вардар било пронајдено безживотното тело на кумановецот Ердон Рамадани, кој на 27 септември доживеа несреќа кај селото Желино, дознава Алсат ТВ.
Извори од местото на настанот велат дека неговото тело било пронајдено во близина на касарната, поточно на 1 километар од местото каде што имал сообраќајна несреќа.
Возило „голф 4“ со кумановски регистарски ознаки беше извлечено со градежни машини од реката Вардар кај тетовско Желино на 27 септември.
Полицијата и повеќе други институции започнаа потрага по водотекот. Претпладне патничкото возило излетало од коловозот на мостот и паднало во реката.
Центарот за управување со кризи информира дека кога автомобилот паднал од мостот, реката Вардар била надојдена. Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, по што пропаднало и не се гледало од водата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




