Добивај вести на Viber
Министерството за земјоделство ја активираше банкарската гаранција од три милиони евра за компанијата „Сахара груп“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој дадена за агрокомбинатот Џумајлија, откако инвеститорот од Индија не ги исполнил обврските преземени со договорот потпишан со македонската Влада, објавува
„Дневник“.
„Точно е дека банкарската гаранција е активирана од наша страна, бидејќи индиската компанија не го почитуваше договорот. Гаранцијата е активирана во банката „Сосиете женерал“ и сега следува раскинување на доворот. Што ќе биде понатаму, ќе решиме дополнително. Најверојатно за земјиштето ќе се бара нов сопственик“, велат од весникот за ресорното министерство.
Според договорот потпишан со Владата, „Сахара груп“ требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра за 5.353 хектари земјоделско земјиште. Таа се обврза во првите 18 месеци да набави најмалку 8.000 грла крави, да вработи 900 лица и да инвестира најмалку 60 милиони евра во Џумајлија. По првичната инвестиција, требаше да се вложат уште 70 милиони евра до истекот на 27 месеци и уште толку до истекот на 36 месеци. Со тоа вкупната инвестиција во комбинатот од Лозово требаше да изнесува 200 милиони евра, а бројот на вработени во рок од три години требаше да достигне 2.000 лица.
Комбинатот за три години требаше да има 20.000 грла крави и дневно производство на млеко од 80.000 литри, додека производството на добиточна храна требаше да достигне 75.000 тони годишно.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој и натаму е во затвор во Индија, каде што беше задржан поради непочитување на судот и одбивање да се појави на рочиштата протв него за измама на ситни инвеститори во неговата „Сахара груп“. Судот го држи во затвор додека тој не обезбеди пари за кауција преку продажба на неговите највредни хотели во Њујорк и Лондон.
Неодамна тој на затворот Тихар му плати 50.000 долари за 57-дневен престој во луксузна климатизирана затворска ќелија од која ги водеше преговорите за продажба на хотелите. Индискиот бизнисмен, кој е затвор од март, барал и зголемено затворско обезбедување, тврдејќи дека добива закани по живот, без да прецизира од кого.
Од претставништвото на „Сахара груп“ во Македонија неколкупати досега уверуваа дека и покрај притворањето на нивниот газда, плановите за инвестиции во Македонија остануваат непроменети.
„Инвестициите се одвиваат според зацртаниот план и динамика. Во Џумајлија веќе во полн ек се одвива втората фаза за копањето бунари за подземните води, и целата инвестиција е според зацртаниот план на реализација“, изјавија пред шест месеци од претставништвото на „Сахара“ во Македонија за Фактор.
Заедно со агрокомбинатот Џумајлија, индискиот бизнисмен најавуваше вкупни инвестиции од околу три милијарди евра. Според најавите 1,6 милјарди евра требаше да вложи во млечниот бизнис, а остатокот во хотелски комплекс во Охрид. Покрај тоа, во неговите планови беше и продукција на индиски филмови во Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: