20 Декември, 2025
0.1452

Пропадна концептот консензуален претседател: ДУИ и Алијансата одат со заеднички кандидат

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2019 06:46

Добивај вести на Viber

Раководството на ДУИ доцна синоќа на партискиот состанок едногласно одлучи дека на претстојните претседателски избори ќе излезе со својот кандидат. Со тоа пропаѓа концептот за консензуален кандидат за шеф на државата кој владиниот коалиционен партнер го заговараше.

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи објави дека претседателството одлучило дека ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат, оставајќи ја отворена можноста за соработка со албанските партии од Македонија, но исто така и со партиите на другите заедници во земјата.

"ДУИ на претседателските избори ќе излезе со сопствен кандидат,. Овластивме посредник да оствари разговори со албанските политички партии за евентуална заедничка кандидатска опција, но и со политичките партии на другите заедници за кандидат кој ќе биде над етнички, но ќе видиме како ќе се одржат разговорите за ова прашање ", рече Османи.

Алијансата за Албанците на Зијадин Села веднаш ја поздрави одлуката донесена за претседателските избори.

"Ја поздравуваме едногласната одлука на ДУИ да се натпреварува со нивниот кандидат за претседателските избори. Посакувавме кандидатот на ДУИ да биде Албанец! Не сакаме да веруваме дека оваа одлука дојде како резултат на затворени врати и презир кон ДУИ во врска со нивната лажна идеја за консензуален кандидат, со СДСМ денес, со ВМРО-ДПМНЕ вчера. Се надеваме дека одлуката на ДУИ е поврзана со предизвикот за кој што претседателот нЗиадин Села јавно говореше преку медиумите. Бидејќи го прифативте овој предизвик, посакувам да ги прифатите и предвремените парламентарни избори заедно со претседателските избори ", се вели во соопштението на Аијансата за Албанците.

И претседателот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа пред новинарите потврди дека ДУИ сака да договори заеднички кандидати со некоја абанска партија.

Бујар Османи пак рече дека „Нема подобри времиња за предвремени парламентарни избори за ДУИ, бидејќи ги исполниле ветувањата на време пред гласачите“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки