19 Декември, 2025
0.0618

Пропадна проектот за рестартирање на Тајмиште!

Објавено во: Економија 11 Март, 2013 08:55

Добивај вести на Viber

Владата му ја додели, Владата и му ја одзеде концесијата на Акционерското друштво за производство, преработка, промет и услуги Тајмиште за искористување на железната руда од кичевскиот рудник Тајмиште. Поради неуплаќање на речиси 780.000 евра (47.962.600,00 денари) како едократен надоместок за искористување на железната руда од рудникот Тајмиште, Владата реши да ја прекине важноста на договорот со АД Тајмиште. Според податоците од Службениот весник на Македонија, Владата го избра АД Тајмиште за најповолен понудувач на тендерот на 09 јануари 2013 година, за веќе на 26 февруари да го раскине договорот. За сега нема информации дали по изборите Владата повторно, преку тендер, ќе бара инвеститор кој со доволно добра понуда и бизнис план  ќе гарантира рестартирање на рудникот, со што ќе стане и негов газда за најмалку 30 години. Последните неофицијални информации од Министерството за економија пак,  беа дека Италијанска, Норвешка и Канадска компанија атакуваат на Тајмиште. Се проценува дека овој рудник крие висококвалитетна железна руда доволна за Тајмиште да работи во следните 150 години. Токму овој рудник не работи повеќе од 15 години. Со странската инвестиција во Тајмиште, Владата очекува да се отворат нови работни места и овој рудник да стане нов извозен капацитет. „ Очекуваме рудникот да биде нов извозен капацитет на Македонија и делумно замена за увозот на рудата што ќе се вади од овој рудник“, изјави неодамна премиерот. Колку се сериозни намерите на инвеститорите за “Тајмиште“?! Во период од една година Владата избра два инвеститори за рестартирање на рудникот тајмиште, оценувајќи ги нивните бизнис планови како поповолни во однос на тругите понудувачи на тендериите, но и двата потенцијални концесионери не ги уплатија парите за еднократен надоместок за навреме, па ја изгубија 30-годишната концесија за кичевскиот рудник. Иако во јуни 2012 година министерот за економија, Ваљон Сараќини објави дека турскиот инвеститор Курум Холдинг со понудени два милиони евра го доби тендерот за експлоатација на железната руда од Тајмиште, во септември Владата ја повлече одлуката. Како и АД Тајмиште, и Турските инвеститори навреме не уплатија два милиони евра како еднократен надоместок за добиената концесија за експлоатација на рудата од Тајмиште. Според последниот тендер, концесионерот на Тајмиште имаше обврска да отвори фабрика за преработка на железната руда и да вработи околу 1.000 луѓе во првите пет години. Курум холдинг најавил и дека може веднаш да изгради не една, туку две фабрики за преработка на рудата, но плановите не доживејаа реализација. За овој рудник до сега се интересираа инвеститори и од Индија, Америка, Англија, Бразил, Мексико, Русија и од Кина, но за сега ниту еден не достави доволно добра понуда и бизнис план  за рестартирање на Тајмиште за да стане и газда на рудникот. Катерина Попоска    

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар