05 Декември, 2025
0.5915

Пропадна тендерот за 4G технологија

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2012 14:34

Добивај вести на Viber

Ниту еден од мобилните оператори не се пријавил на тендерот за воведување 4G технологија, распишан од Агенцијата за електронски комуникации. Според директорот на АЕК Роберт Ордановки, причината за неуспехот на тендерот лежи во конзервативното работење на мобилните оператори и нивната одбивност од воведовување технологии од новата генерација. АЕК, сепак не отстапува од намерата за воведување на 4G, што на граѓаните треба да им овозможи да го користат најбрзиот интернет пристап што го нуди сегашниот развој на мобилните технологии. Наскро ќе биде распишан нов тендер а во меѓувреме ќе се направи анализа, но и разговори со претставници на компаниите за износот на надоместот што треба да се уплати. Инаку на двата досега пропаднати теденри за 4G, едноктарниот надоместок што требаше да се плати изнесуваше 15 милиони евра. Директорот на АЕК Робер Ордановски вели дека ќе инсистира на повторно враќање на условот за покривање со 4G сигнал на 95 проценти од територијата на државата, а кој на вториот тендер изнесуваше 85 проценти. Според Ордановски мрежите на операторите, се веќе подготвени за емитирање на 4G сигнал и по тој основ ќе немаат трошоци. „Операторите ќе ви кажат дека се уште нема побарувачка на пазарот односно нема барање за толку брз мобилен интернет и оти 3G ги задоволува моментните потреби на пазарот. Но, сите нови апликации, како и новиот Ајфон 5, работат на 4G“, објасни Орданоски.      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава