ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2025 20:18
СВР Струмица, преку ОВР Гевгелија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против 5 лица и против едно друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, поради сомнежи за сериозни кривични дела поврзани со реконструкцијата на кровот на Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци.
Првопријавениот Г.Г. (39) од Скопје, сопственик и одговорно лице во пријавеното правно лице, како и второпријавениот И.Т. (45) од Скопје, се сомничат за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „предизвикување опасност при градежни работи“. Tие постапиле спротивно на прописите за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита, не обезбедувајќи соодветно мислење за проектираниот степен на заштита на градбата. Овие пропусти создале опасност за животот и здравјето на учениците и на вработените во училиштето. Пријавеното друштво од Скопје е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“, во врска со наводите за несоодветно постапување при реконструкцијата на покривот.
„Дополнително, против овластените ревизенти Љ.Т. (62) и Л.Г. (69) од Скопје, е поднесена пријава за „несовесно работење во службата“. Тие во својство на одговорни лица за ревизија на основниот проект пропуштиле да констатираат сериозни пропусти во проектот, при што во ревизорскиот извештај навеле дека проектот е соодветно изработен, што е спротивно на Законот за градење. Со тоа овозможиле пријавеното правно лице да оствари имотна корист од околу 129.800 денари, а притоа е предизвикана штета на државниот буџет во висина од 12.678.049 денари“, велат од полицијата.
СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување евентуална инволвираност на други лица.
фото ОУ „Петар Мусев“
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




