16 Декември, 2025
0.0401

Прорускиот кандидат кој победи во првиот претседатски изборен круг во Романија, разочаран од одлуката на Уставниот суд

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2024 08:28

Добивај вести на Viber

Независниот кандидат на претседателските избори во Романија, Калин Ѓорѓеску, кој важи за проруски настроен, синоќа изјави дека одлуката на Уставниот суд за поништување на првиот круг од изборите претставува официјален државен удар.

„На денешен ден романската држава ја погази демократијата. Земјата е во состојба на индуцирана кома. Заедно со народот го направивме тоа што го кажавме, напишавме историја. Време е да покажеме дека сме храбар народ“, рече Ѓорѓеску, кој победи во првиот круг, во обраќањето на ТВ каналот Реалитатеа.

Тој додаде дека демократијата е нападната, а партиските лидери се плашат дека нивните досиеја ќе излезат на виделина.

„На овој ден корумпираниот систем склучи пакт со ѓаволот. Имам само еден пакт, со романскиот народ и со Бог. Силата е во секој од нас, романскиот народ не се предава“, рече Ѓорѓеску.

Десничарскиот независен кандидат Ѓорѓеску победи во првиот круг од изборите на 24 ноември, а проевропската кандидатка Елена Ласиони влезе во вториот круг.

Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември, а на некои места во странство веќе почна гласањето

Според него, ова е почеток на нова страница во историјата на Романија. Ѓорѓеску рече дека целиот свет знае што се случува во Романија и дека работите нема да останат вака.

Тој посочи дека не потрошил ниту леи за изборната кампања, негирајќи дека зад неа стои „државен актер“, како што стои во објавените декласифицирани документи.

На новинарско прашање за можноста повторно да му биде забрането да се кандидира, Ѓорѓеску рече дека ќе оди пред највисокиот суд и дека веќе се преземени активности во таа насока.

„Ако девет судии, колку што има во Уставниот суд, одлучуваат спротивно на волјата на 19 милиони луѓе, тогаш тоа не е реално“, заклучи тој.

Уставниот суд на Романија претходно денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека изборниот процес мора да се повтори во целост.

Романскиот претседател во заминување Јоханис во средата објави декласифицирани документи со детали за масовната и, како што рече, „високо организираната“ кампања за Ѓорѓеску на ТикТок, наводно координирана од „државен актер“.

Документите вклучуваат разузнавачка проценка дека Русија извршува хибридни напади против Романија, која ја гледа како „непријателска држава“.

Во тие документи се наведува дека Романија била цел на „агресивни хибридни руски напади“ за време на изборниот период.


Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството