20 Декември, 2025
0.0587

Просечната нето-плата во октомври била 21.247 денари

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2013 14:42

Добивај вести на Viber

Во октомври годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 21.247 денари, а просечната исплатена бруто-плата 31.228 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според нив, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,1 отсто. Тоа пред се се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво за 7,4 отсто, Транспорт и складирање 6,5 и Рударство и вадење на камен 4,7 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7,2 отсто, Рударство и вадење на камен 5 и Градежништво 3,3 отсто. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година пораснала за 1 отсто. Порастот се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво 7,1 отсто, Транспорт и складирање 5,8 и Рударство и вадење на камен 4,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7 отсто, Рударство и вадење на камен 5,7 и Градежништво 2,6 отсто. Во октомври 2013 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии