Протест на „Правда за Алмир“ денес пред Собрание
Објавено во: Македонија 19 Април, 2018 08:27
Иницијативата „Правда за Алмир“, денес во 9:15 часот ќе одржи симболичен протест пред Собранието на Република Македонија, во пресрет на обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
„Утре во 9:15 пред Собрание на РМ, да ја поздравиме г-ѓа Могерини“, стои во повикот.
Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој случај како и за сите останати за кои постои сомневање дека се неправилно пресудени.
Тие испратија и писмо до амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија, во кое го бараат нивното внимание случајот со Алмир, но и за македонското правосудство за кое велат дека е далеку од непристрасно и праведно.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




