Протест пред МВР, ги положиле сите тестови и бараат вработување
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Триесет и четири кандидати за полициски приправници, кои на претпоследниот конкурс на МВР не беа примени и протестираа, денеска повторно се собраа пред МВР на протест и побараа средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Велат дека во министерството треба да се најде место за нив, затоа што ги положиле сите тестови за да станат нови полицајци.
Спасовски ги слушна нивните барања. На средбата тој им рекол дека барал согласност од Министерството за финансии за да може тие да бидат примени и да им се дава плата, но од поранешниот министер Зоран Ставрески не добил одобрение.
Спасовски им објаснил дека проблемот со нивното примање на работа не е во МВР, туку во Министерството за финансии кое не давало пари за нив, па им советувал таму да се обратат.
Од невработените полицајци 22 се Албанци, а 12 Македонци.Во саботата во Идризово беа промовирани 654
кандидати за полицајци.