ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД: Демонстранти му ја раскрвавија главата на Сергеј Трифуновиќ
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2020
„Врие“ од народ на протестот во Белград.
Граѓаните во моментов се пред Собранието и бараат под итно да се именува нов Кризен штаб за борба со коронавирусот, кој нема да биде политички, како и одговорност за примена на сила на вчерашниот протест.
Демонстрантите го нападнаа лидерот на Движењето на слободни граѓани, Сергеј Трифуновиќ кому му беше раскрвавена главата. Дел од демонстрантите го критикуваа Трифуновиќ затоа што учестуваше на изборите и не се придружи на бојкотот.
По вчерашните протести поради најавата за повторно воведување на полицискиот час во Белград и демонстрациите што ескалираа пред зградата на Националното собрание, неколку политички партии попладнево организираа протестен собир и пред Филозофскиот факултет .
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во денешеното обраќање, изјави дека нема да има повеќедневна забрана за движење.
Сепак, утре Владата ќе ја донесе конечната одлука, a на улиците на Белград попладнево има зголемен број поддржувачи на различни политички опции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.