ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ: Протести и блокади низ цело Скопје
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2019
Вработени во Полицијата, Шумската полиција, Затворската полиција и Судската полиција денеска со протести го блокираа главниот град.
Со колони автомобили тие бараат повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месецов, Колективен договор во Шумска и Затворската полиција а ултиматумот кој го поставија е 15 дена.
-Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци и други барања- посочија од Независниот полициски синдикат.
Неодамна Независниот Синдикат на Полицијата лично му ги доставија барањата на премиерот во Кабинет.