ПРОТЕСТИ ВО ЈЕМЕН ПО НАПАДИТЕ ВРЗ ХУТИТЕ: Демонстрантите ги газеа израелските и американските знамиња
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2024 17:26
Протести има во Јемен по американско-британските напади врз Хутите.
Десетици илјади Јеменци се собраа денеска во неколку градови каде ги слушаа нивните лидери како ги осудуваат американските и британските напади врз нивната земја, кои беа одговор на нападот на Хутите врз поморскиот сообраќај во Црвеното Море.
САД и Велика Британија утрово извршија десетина воздушни напади врз воени цели на Хутите.
„Вашите напади врз Јемен се тероризам“, рече Мохамед Али Ал-Хути, член на Врховниот политички совет на Хутите, говорејќи за САД.
Тој кажа дека Хутите не ги нападнале САД.
„Не ги нападнавме бреговите на Америка, ниту отидовме на американските острови, ниту ги нападнавме. Вашите напади врз нашата земја се тероризам. Тие се терористи и се вешти да го лажат светското население, но свеста на јеменскиот народ е поинаква“, рече Ал-Хути.
Ирачката милитантна група Харакат ал Нуџаба, поврзана со Иран, тврди дека американските интереси, како и сојузниците на САД, отсега нема да бидат безбедни.
Демонстрантите во главниот град Сана ги газеа израелските и американските знамиња.
Меѓународно признатата јеменска Влада соопшти дека нападите се одговор на континуираните напади на милитантите врз меѓународни бродови во Црвеното Море.
Владата додаде дека Хутите сносат одговорност за вовлекување на Јемен во конфликтот.
Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, рече дека САД не планираат да испратат дополнителни сили во регионот и дека претходните напади врз цели на Хутите имале „добри резултати“.
Русија, Турција и Иран ги осудија нападите врз јеменските Хути.
НАТО денеска соопшти дека Иран мора да го искористи своето влијание за да ги контролира јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани, снабдувани и опремени од Техеран, јави ДПА.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




