Прв учебник од областа на американската дипломатија издаден на македонски јазик на УКИМ
Објавено во: Мои пари 16 Април, 2015 15:04
Во време кога одбележуваме 21 година од американското признавање на Република Македонија, на 16 април 2015 година (четврток) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се одржа свечената промоција на учебникот „Балканот и американската дипломатија во XX век“ од проф.д- р. Мишо Докмановиќ.
Она што го чини ова дело така автентично е фактот што „Балканот и американската дипломатија во XX век“ претставува прв учебник од областа на американската дипломатија објавен на македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој учебник се темели на повеќегодишното истражување на авторот и истиот дава видлив придонес во научниот дискурс за улогата на САД и нивната надворешна политика на Балканот во XX век. Првенствено е наменет за студентите на постдипломските студии на факултетот, но и за пошироката јавност.
Д-р Мишо Докмановиќ е вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил nи Методиј“ во Скопје. Ги предава предметите историја на правото, Балканот и американската дипломатија во XX век и дипломатски протокол. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Завршил и постдипломските студии по современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии. Д-р Докмановиќ остварилподолги студиски престои, учества на конференции и семинари во преку 45 земји во светот вклучувајќи ги и универзитетите во Илиноис, Флорида и Мичиген.
За врвните резултати постигнати во научно-истражувачката работа, добитник е на наградата „Научник на годината“ за 2013 година.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!





