17 Декември, 2025
0.0595

Прва конференција и саем за возила на електричен погон во Скопје

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2013 14:51

Добивај вести на Viber

Прва конференција за возила на електричен погон „Електрични возила – нови трендови за мобилност“ денеска се одржа на Машинскиот факултет во Скопје, во орагнизација на Здружението „Електромобилност Македонија“, а е поддржанa од менаџментот на Машинскиот факултет во Скопје и од „МЕПСО А.Д“.

На конференцијата на која  беше усвоена и прва Декларацијата за е-мобилност, излагања имаа гости од Словенија и Бугарија, претставници од Министерството за економија и „МЕПСО“, предавачи на Машинскиот факултет и иноватори.

Претседателот на невладината организација „Електромобилност“, Кирил Минанов рече дека поентата не е само во електричното возило туку и трансформацијата на урбаните средини во една целина.

„Aко се подели таа суштина на два дела, електричниот дел би бил инженерски каде што ќе се вклучат  факултетите и институтите, а вториот дел би ги зафатил антропологијата, урбанизмот, сообраќајот и безбедноста, рече Минанов.

Пред почетокот на конференцијата пред Машинскиот факултет беа презентирани шасија за електромобил избработена од експерти од Машинскиот факултет, електроскутер изработен од иноватори од Битола и електроавтомобил на иноватори од Словенија.

Македонскиот иноватор на електричниот скутер Васил Ацкоски појасни дека скутерот е асинхрон трофазен мотор со инвентор кој еднонасочната струја ја претвора во трофазна. Предноста на скутерот е што нема четкици и магнети и е траен мотор кај кого единствено што може да се расипе се лагерите. Скотерот има 10 киловати -120 волти и 100 ампери струја достигнува брзина од 5 километри на час а со едно полнење може да се поминат дваесетина километри.

Електромобилност Македонија има за цел да иницира интерес во Македонија за електричните возила преку разни форми на делување,и промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт со електрични возила во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега