Прва смарт полициска станица во Дубаи - Летечки скутери и роботи
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2017
Дубаи ја доби првата смарт полициска станица во светот која е опремена со најнови технологии. Полицајците во оваа станица во Дубаи на располагање ќе имаат роботи и летечки скутер.
Идејата е да се прикаже заложбата на полицијата за прифаќање на најмодерните технолошки трендови, но и да им се доближи на граѓаните како иновациите може да им помогнат во секојдневната безбедност, на пример со симулатор за правилно возење.
Во одделението за услуги, со притискање на електронската табла почнуваат разговор со полицајци, кои се онлајн 24 часа, но работат од дома.
Сервисите се на шест јазици и пружаат 60 видови услуги, вклучувајќи плаќање сообраќајни казни, добивање потврди, пријавување инциденти или сообраќајни несреќи. Освен тоа, жителите на тој дел на Дубаи, можат да пријават изгубени и пронајдени предмети.