Првата антикорупционерка Димитровска ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата
Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 11:16
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, е единствената членка на ДКСК која поседува дипломатски пасош, доделен од Министерството за надворешни работи (МНР). Останатите шест членови на Комисијата, иако поднеле барања, сè уште не добиле одговор од МНР .
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изјави дека поседувањето дипломатски пасош не носи имунитет за новоосомничената функционерка, која според Обвинителството, одавала службени тајни за осомничени функционери во случајот „Адитив“. ој нагласи дека дипломатскиот пасош не влијае на правната постапка и дека МНР ќе го одземе пасошот кога ќе престане функцијата на носителот.
- Самиот дипломатски пасош на наш граѓанин не значи дека тој ужива било какви права поврзани со некоја форма на имунитет. Што значи дека истиот не може да влијае на самата постапка која се спроведува од нашите органи и во моментот кога ќе престане функцијата на таа поединечна личност, секако МНР ќе го одземе тој дипломатски пасош. Логично е кога сте опфатени со ваков тип на постапка, почитувајќи ја и презумпцијата на невиност, ова го велам пред се како човек, не како министер, логично е дадете оставка. Тоа не треба, според мене, да влијае на кредибилитетот на сите останати членови на таа комисија, рече Муцунски.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




