Првата докажана смрт од коронавирусoт во Европа била во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Февруари, 2021
Првата докажана смрт од коронавирусoт во Европа била во Србија.
Ова го потврди група од 13 српски научници, собрани на Медицинскиот факултет. Српски научници после повеќемесечни анализи утврдиле дека 56-годишниот маж кој починал во Србија на 5. февруари после тешко воспаление на белите дробови, всушност починал од новиот коронавирус. Но, првиот официјален потврден случај во Србија е забележан на 6. март лани.
Работата на групата од 13 научници бил објавен на 19. јануари оваа година, а епидемиологот и член на Кризниот штаб Предраг Кон рекол за Блиц дека станува збор за важно откритие.
„Треба да им се честита на колегите што успеале да дојдат до така важно откритие, а подоцна и да го објават. Тоа истражување е многу важно затоа што потврдува дека вирусот циркулирал многу порано пред потврдениот случај во Србија на 6. март“, рекол Кон.
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.932 новозаболени лица, а 15 починале. Тестирани се 11.960 лица, а од почетокот на пандемијата 2.652.095. Бројот на хоспитализирани пациенти е 4.002, а во моментот има 153 лица на апарати за дишење.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.